Мишо Ковач повторно е итно хоспитализиран, откако пред два дена имал висока температура. Во текот на вчерашниот ден дошла брза помош по него во Строжанац, каде моментално живее со сопругата Лидија во стан под кирија, јавува „Слободна Далмација“.
Лекарите се сомневаат дека е почеток на пневмонија. Мишо бил тестиран и за коронавирус, а наодите покажале дека и Лидија и тој биле негативни.
„Не можам да зборувам, не ми е добро“, изјавила неговата сопруга, која поголемиот дел од денот го поминала со него.
Таа му ги однела облеката и мобилниот телефон на пулмолошкиот оддел, каде се наоѓа тој.
Мишо на крајот на октомври заврши во болница, но по неколку дена лекарите решија да го пуштат на домашно лекување и дополнителни прегледи кои што биле неопходни за да се уверат во неговата здравствена состојба.
Пејачот во јули наполни 80 години.