Мисини во Атина на Конференција на комисиите за европски прашања

Во рамките на грчкото претседателство со Европската унија претседателот на Комисијата за европски прашања, Хајрула Мисини, ќе учествува на Конференцијата  на претседателите на комисиите за европски прашања на земјите-членки на ЕУ- КОСАК, што ќе се одржи на  26-27 јануари 2014 година во  Атина, Грција.

На конференцијата, министерот за надворешни работи на Грција, Евангелос Венизелос ќе ги презентира Програмата и приоритетите на грчкото претседателство со Унијата во следните шест месеци, по што ќе следи дускусија.

На овој состанок  во  Атина, ќе се расправа и за  улогата на европските институции  во  зајакнување на контактите со европските граѓани.