
Првата локација каде што ќе биде избришана “маркица” за зграда е во Реонски центар Аеродром.
Оваа идеја произлезе од средбите со жителите на Реонски центар.
Наместо колективна станбена зграда и зграда на општина Аеродром, ќе биде изграден нов парк на површина од 5.000 м2.
Општина Аеродром ќе добие нова општинска зграда на нова локација, а жителите на Реонски центар ќе добијат нови содржини за забава, рекреација и слободен простор кој ќе биде од корист на сите.
Урбанизацијата ќе биде во функција на жителите на Аеродром, не во интерес на бизнисот.