Меѓународниот Секретар на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски заедно со портпаролката Марија Митева остварија средба со Кристијан Сагарц, пратеник во Европскиот парламент од Европската народна партија (EPP) и известител во сенка за Република Македонија.
На средбата се разговараше за актуелната политичка состојба и предизвиците на Македонија во процесот на европска интеграција. Муцунски и Митева ја истакнаа нивната загриженост за добиените извештаи на релевантни меѓународни организации во кои преовладува укажување за постоење на високо ниво на корупција.
Тие го информираа Сагарц дека процесот на европска интеграција мора да биде воден низ процес на вистински реформи кои примарно треба да се фокусираат на реформа на правосудството и јавната администрација.