Митевски: Во првата година од овој мандат започнавме со реализација на два капитални објекти ветени на граѓаните, нова општинска зграда и пешачко-велосипедска патека во Петровец

Денеска свечено поставивме камен-темелник на нова општинска зграда, со големина од 860 метри квадратни. Оваа општинска зграда ја правиме бидејќи старата, која е изградена во далечната 1946 година, е во катастрофално лоша состојба и по барање на жителите на општина Петровец, изјави Борче Митевски, градоначалник на општина Петровец.

„Исто така, финансиските средства во висина од 29 милиони и 600 илјади денари, се обезбедени од буџетот на Општина Петровец. Заедно со мештаните денеска и со претседателот, Христијан Мицкоски ја посетивме пешачко-велосипедската патека, која е во должина од 2.500 метри и ширина од три метри, која се гради од центарот на Петровец до излезот на ‘Ржаничино. Бидејќи знаеме, сите возила, избегнувајќи ја патарината, поминуваат низ најголемите населени места, Петровец и ‘Ржаничино и со тоа ни ја загрозуваат безбедноста безбедноста на сите жители на Општина Петровец, а пред се на нашите деца кои учат Основното училиште „Кочо Рацин“ – Петровец“, рече Митевски.

Со изградба на оваа пешачката патека од 16 ипол милиони денари, кои се исто средства обезбедени од буџетот на Општина Петровец, ќе се зголеми безбедноста на нашите деца, рече тој.

„Ќе продолжиме и понатаму да работиме. Ова се два капитални објекти, проекти кои ги ветивме на нашите жители и еве само за година дена од овој мандат, веќе започнавме со реализација на истите“, заклучи Митевски.