![Stevco](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/11/Stevco.jpg?resize=640%2C425&ssl=1)
Знаејќи или не, најголемите поддржувачи на скопскиот градоначалник Данела Арсовска, главниот уредник на порталот „Инфомакс“, Александар Митовски, и лидерот на малата политичка партија ГРОМ, Стевчо Јакимовски, побараа истрага и пријава за Данела Арсовска поради носење на регулациски план во скопската општина Аеродром.
Регулацискиот план го носи градот Скопје, а таму стои потписот на Данела Арсовска. Дали „вечниот“ градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, тоа ќе го побара и на прес-конференција останува да видиме.