Митревски: ССМ е столб на правната заштита и работничките права во земјава

Сојузот на синдикати на Македонија е стол на правната заштита и работничките права во Македонија пред судовите и другите надлежни институции, рече денеска претседателот на Синдикатот, Живко Митревски.

„Сојузот на синдикати согласно своите статутарни определби обезбедува бесплатна правна заштита на работничките права за своето членство.Синдикалното членство во ССМ, најдиректно и најнепосредно обезбедува заштита на своите права од работен однос пред се’ преку активностите на одделението за работни односи, правна заштита и колективно договарање“, истакна Митревски.

Тој рече дека во текот на 2013 година се евидентирани 3.633 обраќања за заштита на правата од работен однос, што во споредба со 2012 птреставува зголемување за 844 барања.

„Најголем број на обраќања се од Синдикатот на работниците од угостителство, туризам, комунално-станбено стопанство, занаетчиство и заштитни друштва…вкупно 2.119 обраќања се по основ на неисплатени плати, придонеси и надоместоци“, појасни Митрески.

Доколку сите овие правни дејства работниците би ги превзеле приватно би требало да издвојат повеќе од 17,8 милиони денари.