
Македонскиот ракометен репрезентативен голман, Никола Митревски, се најде во тимот на 13. коло од Лигата на шампионите, откако имаше инзвонреден настап во дресот на Порто во ремито против Фленсбург (26:26).
Покрај македонскиот голман, во идеалниот тим на колото се најдоа уште и Давид Мандиќ од Загреб, Петар Ненадиќ од Веспрем, Феликс Клар од Монпелје, Харалд Рајнкинд од Кил, Мариус Штајнхаузер од Фленсбург и Мохамед Мамдух од Динамо Букурешт.
Митревски е дел и од Топ 5-листата за најдобри голмански интервенции, со одбраната со која во последните секунди го запре Менсах Ларсен и се погрижи Порто да не загуби на гостувањето против Фленсбург.