Дополнителниот министер за труд и социјална политика Рашела Мизрахи сподели статус на својот Фејсбук профил преку кој пишува дека вицепремиерката за нефункционални мерки и лоши шминки е Мила Царовска.
Вицепремиерка за нефункционални мерки и лоши шминки!
-По успешно направениот хаос во Министерството за труд и социјална политика кој го остави вицепремиерката Мила Царовска со креирање на нефункционалноста на законските решенија во која се спојуваат ПРАВА и УСЛУГИ, таа продолжува и со исто темпо како вицепремиерка за економски прашања, создавајќи лажна слика за пензиите, доведувајќи ја во заблуда јавноста, посебно пензионерите.
Вицепремиерката веројатно мисли дека со кратење на средства за социјално ранливите категории на граѓаните, а и ,,лажното” покачување на пензиите, ќе се претстави како грижлива вицепремиерка. Царовска не го решава проблемот на граѓаните со лошите услови за живот, економијата и растечката сиромаштија. Вицепремиерката покажува дека е тотално неискрена кон граѓаните, но истовремено и покажува колку е неспособна и жедна само за власт.
Со промената на законот за пензиско и инвалидско осигурување, СДСМ во првите 6 месеци од 2019 одзема 445 денари месечно, а во вторите 6 месеци од 2019 одзема дополнително 705 денари месечно или вкупно во 2019 година СДСМ одзема 6900 ден или по 575 денари месечно.
Таа се фали дека ги зголемува пензиите за пензионерите, а пред тоа им ги скрати пензиите по законот за порамнување на пензиите.
Интересот на граѓаните е пред сѐ, но не со кратење на средства на социјално ранливите категории, стои во нејзиниот пост на Фејсбук.