10.8 C
Skopje
недела, ноември 10, 2024

Мизрахи до Тренчевска: Државата не е партија за да мафтате со некои партиски списоци, и не ви припаѓа вам туку на граѓаните

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи преку статус на Фејсбук до министерката за труд и социјална политика пишува дека државата не е партија за да мафтате со некои партиски списоци, и не ви припаѓа вам туку на граѓаните.

„Министерке, вашата евиденција за подобни и неподобни кои треба или не треба да примаат плата е спротивна на Уставот и законот, а правото на Штрајк е загарантирано.

Државата не е партија за да мафтате со некои партиски списоци, и не ви припаѓа вам туку на граѓаните.

И граѓаните водат евиденција на сите ваши и владини кршења на закон и самоволија и истите ќе ви ги испратат на претстојните парламентарни избори, се по Устав и закон, пишува таа.