Мизрахи: Нашите училишта не се како во Финска, со стерилизација на секој час, избрзаното отворање на градинки и училишта би било погубно

Во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа телевизија, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи,  меѓу другото, истакна дека во споредба со останати земји напите училишта не се како во Финска каде има строги протоколи а се стерилизираат училниците на секој час, кај нас би било погубно избрзаното отворање на градинките и училиштата.

Рече дека ако се решаваме за онлајн настава не може да има ваков варијабилитет во одлуките дали постарите ученици кои што имаат повисоко ниво на свесност и самоконтрола за да се изолираат ќе останат онлајн, а помладите да бидат оние кои ќе одат на училиште, незнаејќи со какви капацитети располагаме.

„Генералната слика во Македонија е дека не се ова фински училишта. Финска и Шведска не ги затвоорија своите училишта затоа што основните училиштатаму имаат во просек 15тина ученици во паралелка, во средните училишта по 20тина ученици, имаат стриктни протоколи за движење, за користење тоалет, за секвенционирано користење на простории, стерилизација еднаш на еден час, учителите не смеат да користат исти простории како учениците“, вели Мизрахи.

Порача дека е страшно ризично да се носат брзи одлуки , и препораката на УНИЦЕФ е да не се избрзува со одлуките.

Исто така, посочи дека ако се одлучело да има онлајн настава, требало да се види достапноста за интернет на учениците и дали имаме програми за онлајн настава,дали имаме спремни наставници. Според статистиката од Светска банка 15 отсто од нашите ученици немале достапност до комјутер, застојот од присуството може да направи и регрес во знаењето кое веќе го имаа, вели Мизрахи.

Таа посочи дека не се направија доволно анализи и аналитички пресметки по сите овие посочувања, но и од многу други значајни фактори, и дека избрзаното одлучување на ова поле може да биде погубно.