Мизрахи: Заев со ретуширање на историјата за политички потреби силно ја навреди и еврејската зедница

Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, врши ретуширање на историјата за политички потреби, и треба да се запраша дали е свесен колку е навредена еврејската заедница во Македонија, истакна меѓу другото во синиќешното издание на емисијата „Јади бурек“,  пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи.

„Ретуширање на историјата поради дневно политички потреби не може да се дефинира во ниеден договор како говор на омраза, па по ова би прашала Заев знае ли колку е мојата заедница навредена од договорот“, рече Мизрахи.

Додаде дека во моментов јасно се гледаат обиди за да се демаскира еврејското прашања. Мизрахи притоа оцени дека е недозволиво бегањето од историските факти, како што е недозволиво и негирањето на Холокаустот. Посичи и дека еврејското лоби нема да дозволи никаков демант на Холокаустот.

„Македонија е зависна во своето постоење од историјата, а ниедна иднина не се гради без историја, па во два наврати оваа власт се обидува да креира иднина заборавајќи на историјата, добро е да се има добрососедски договори, но каде е тука „добриот сосед“, а не се сеќавам да сме имале спорни ситуации ние како земја и да сме биле ние лош сосед, овие договори по тоа не се нималку добрососедски договори“, потенцираше Мизрахи.

Рече дека лошата реторика на Бугарија наликува на политика која има територијални претензии, но треба да се вртиме кон домашната политика, и сопствените интенции.

„Во целиот говор на политичарите во Бугарија, нашата влада ја нема никаде, имаме молк од страна на премиерот, а со најдоа многу прашања за кои народот е на удар, а за истото премиерот нема одбрана што дополнително ги револтира граѓаните“, посочи Мизрахи.

Во однос на протестите коишто периодов ги организира ВМРО-ДПМНЕ, Мизрахи истакна дека станува збор за сенародно движење на кое му пристапуваат сѐ повеќе луѓе од различни партии, меѓу кои и симпатизери и на СДСМ,

Се освра и на делот од договорот,  односно членот 11 став 6 кој вели дека „двете договорни страни ќе преземат ефикасни мерки за спречување на недобронамерна пропаганда“.

„Договорите мора да се пишуваат прецизно, затоа што ова не е хартија, туку е меѓународен договор, кој вели дека ‘од страна на институции и агенции и ќе обесхрабруваат дејности на приватни субјекти’, во овој момент можеби нашиот разговор е дејност меѓу приватни субјекти каде што се зборува за историски факти кои што Заев сака да ги ретушира, па по ова можеби и ќе има ефикасни мерки кои ќе следат против мене после овој разговор“, појасни Мизрахи.