Млад Германец уапсен за терористички закани врз муслимани

Дваесет и едногодишен маж од Германија, кој на интернет им се заканувал на муслиманите со убиства, сега ќе се соочи со истрага поради оваа постапк, потврди во понеделникот германското обвинителство.

Момчето наводно бил инспириран од злосторството кое го изврши напаѓачот во две џамии на Нов Зеланд кога уби 51 човеј, појаснуваат од обвинителството на сојузната земја Дочна Саксонија.

Полицијата во текот на претресот на станот на осомничениот пронашла оружје, а во неговиот компјутер документо со екстремистичка содржнина.

Како што е наведено во соопштението на обвинителството, заканата на интернет осомничениот ја псотавил на 29-ти мајм, но се претпоставува дека тој подолго време планирал напад во кој би предизвикал голем број жртви, а целата му била на таков начин да провлече медиумско внимание.

Овој 21-годишник бил приведен ден откако судот издал налог за негово апсење под обвинение за кршење на законот за закани со извршување злосторство, набавка на оружје и финансирање тероризам.

Истрагата за овој случај ја преземал полицискиот оддел за борба против тероризмот.