Млад невработен пар добива 3.400 евра месечно од државата и признава: Тоа е грешка на системот, но не ни е гајле!

Невработена двојка од Германија, Мајк (25) и Анжелик (20) живеат од бенефиции што ги добиваат од државата. Поради системска грешка имаат доплати, па не мора да се грижат за егзистенција, пренесува Фокус.

Мајк открил дека добиваат 250 евра детски додаток месечно, потоа 250 евра надомест за дете, 1.288 евра помош за невработеност и 1.600 евра граѓански додаток.

„Во моментов живееме добро“

Младиот пар, кој го има синот Луис, всушност имаат право на само 600 евра граѓански додаток за Анжелик – наместо 1.600 евра, но нивниот месечен „приход“ изнесува неверојатни 3.400 евра.

Приказната звучи како филм, а Мајк истакнува дека не му е грижа поради пропустот во системот.

-Немам поим, главната работа е што добиваме толку многу пари. За останатото не ми е грижа, признал тој.

-Сакаме да му посветиме целосно внимание на нашиот син. Јас сум повеќе семејна личност отколку некој што оди некаде да работи, вели Анжелик.

Овој пар размислувал какви други финансиски придобивки би можеле да остварат.

Тие нагласуваат дека не чувствуваат каење и заклучуваат: „Навистина добиваме многу од државата, но не мислиме дека тоа е експлоатација.