Млада крушевчанка се бори за живот, ја каснал инсект и паднала во кома

Младата крушевчанка Ирена Богданоска, мајка на две малолетни деца, од понеделникот е во кома откако ја каснал инсект и се наоѓа во приватна болница во Скопје, каде се бори за живот, објави Курир.мк.

Лекувањето чини 1500 евра дневно, нешто што нејзиното семејство не може да го дозволи и отворена е донација на социјалните мрежи.

„Состојбата со мојата Ирена е многу лоша. Без размислување ја пренесовме во „Систина“, каде цела болница се бори за нејзиниот живот. Ја касна некаков инсект и за една минута падна во кома. Ги замолувам сите кои можат да донираат, за Ирена да ни се врати повторно дома“, истакнал нејзиниот сопруг за порталот.