Млада професорка добитник на Порше од наградната игра на Т-Мобиле

Емилија Симонова од Кратово е среќниот добитник на автомобилот Порше Кајман од наградната игра на телекомуникациоскиот оператор Т-Мобиле.

Младата професорка во основното училиште „Кочо Рацин“ стана среќниот сопственик на овој луксузен автомобил, каков досега не се тркалал по тесните кратовски сокаци и калдрма.

-Убавата вест ја примив со голема возбуда и неверување, ми беше потребно време да поверувам дека токму јас сум добитникот на Порше Кајман. Со оглед на тоа дека сум добитник на најголемата наградна игра на векот, секако дека се чувствувам возбудено и пресреќно. Да бидам искрена, воопшто не се надевав дека Порше Кајман ќе биде во мои раце – изјави Емилија.

Кратовчани коментираат дека кратовската населба позната како Мерак-маала е магнет за наградни автомобили. Пред неколку месеци првите соседи на Емилија Симонова добија Пежо 308 од наградната игра „Фискална во рака – награда без мака“