Млада скопјанка почина на Гинекологија Чаир

Дваесет и четиригодишна жителка на скопското село Студеничани починала ноќта во понеделникот, откако биле безиспешни обидите на лекарите да биде вратена од бесознание.

„На 12.10.2020 во 23:00 часот во СВР Скопје, од Гинекологија „Мајка Тереза“ – Чаир било  пријавено дека во 21:30 часот кај нив во бессознание била донесена А.Р.(24) од с.Студеничани, скопско“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Според пријавеното, бил направен обид за реанимација, но во 23 часот била констатирана смрт кај младата жена.

По консултација со Јавен обвинител, телото било предадено во Институтот за судска медицина на обдукција.