Млада жена подметнала пожар во семејна куќа

Со запаллива течност 32-годишна жена од околината на Прилеп предизвикала опожарување на влезна врата и делови од покуќнина, информираше во средата Министерството за внатрешни работо.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против О.Т. од селото Мало Коњари, прилепско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.

Таа, на 11-ти септември со запаллива течност предизвикала опожарување на влезната врата и делови од покуќнината, сопственост на А.Ф, информираат од МВР.