Македонската фудбалска репрезентација од 21 година во вторникот дојде до третата победа во квалификациите и успеа да се искачи на второто место во групата, откако денеска славеше со 2:1 во Торшавн против Фарски Острови.
Со оваа победа Македонија дојде до 10 бода и втората позиција на четири кола до крајот на квалификациите.
Македонија дојде до водство веќе во 16 минута со голот на Милан Ристовски, а нејзините играчи во текот на целото прво полувреме доминираа со посед и со шанси. Во вториот дел домаќините се разиграа, но за среќа Ацковски во 80 минута постигна гол за 2:0 со што го реши победникот. Кнудсен четири минути подоцна го постигна почесниот погодок за домаќините, кои се обидоа до крајот да дојдат барем до реми, но за наша среќа резултатот остана непроменет.
Со оваа победа Македонија ги зголеми шансите за освојување на второто место во групата. Израел подоцна го игра мечот со Казахстан, но јасно е дека директните пресметки со Израелците во октомври и ноември ќе бидат клучни за остварувањето на посакуваната цел.
Пласман на ЕП обезбедуваат првопласираните екипи во групите, како и петте најдобри второпласирани репрезентации.