Две бугарски државјанки се уапсени откако успеале да украдат паричник од случајна минувачка на Зелен пазар, соопштува Министерството за внатрешни работи.
Дваесетгодишната Р.Р. и осум години постарата М.Г.П., и двете од Бугарија, вчера напладне, на Зелениот пазар успеале да го искористат метежот и да украдат паричник од случајна минувачка.
Со потврда за привремено одземени предмети, одземениот паричник и’ бил вратен на оштетената.