Млади скопјани приведени за поседување наркотици

Две млади лица во се приведени во Скопје во саботата, откако кај нив биле откриени наркотици и постоење сомневања дека се занимавале со недозволена трговија, соопшти во неделата Министерството за внатрешни работи.

Во саботата околу 17 часот во Градски парк во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го привеле 27-годипниот скопјанец Г.Г., затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.

Вечерта, пак, околу 22.35 часот на булеварот „Илинден“, полициски службеници го лишиле од слобода и 19-годишниот Т.М. од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена прашкаста материја.

По целосно документирање на случајот, против двете лица ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од МВР.