Младина на БЕСА: Тетово го води неспособна градоначалничка

Иако знаеме дека пропаднатите и срамни политики на градоначалничката на Општина Тетово, госпоѓа Теута Арифи, не може да ги покрие ништо, ние, Младинскиот форум на Движењето БЕСА се трудиме да го покриеме овој срам кој не покрил, бидејќи Тетово се води од една неспособна градоначалничка, велат од Движењето БЕСА на денешната прес-конференција која ја одржаа на влезот на Тетово.

-Како да не беше доволно труењето на градот со години, отсуството на вода и елементарните хигиенски услови, Општина Тетово покажа  страшно занемарување кон отпадот во градот. Преполниот град со отпад, во овие летни горештини, освен неподносливата смрдеа, е извор и за различни заразни болести. Денеска сме тука да ја потсетиме градоначалничката, г-ѓа Арифи, за нејзиното ветување дека Тетово ќе го направи најчист град во Македонија. Не знаеме дали вака изгледа чистотата на која мислела Теута Арифи, но секој ден сме сведоци на многуте лаги кои оваа неуспешна градоначалничка им ги кажа на тетовчани.  Се што прави госпоѓа Арифи е обид срамот да го покрие со невистинити вести, велат од БЕСА.

-Затоа, денес ние, младината на Движењето БЕСА, преку оваа симболична акција овој срам ќе го прикриеме со чадори, на ист начин како таа постапи сиве овие години. Иако, свесни сме дека срамот на градоначалничката, со што Тетово стана најзагаден град во Европа, не може да се покрие ни со сите чадори на светот, сакаме да упатиме порака дека овој срам ќе заврши кога таа веќе нема да седне на градоначалничката фотелја, од каде донесе само одлуки на штета на граѓаните, истакнаа од младината на Движењето.