Младите кошаркари ја победија и Белорусија

Младинската кошаркарска репрезентација на Македонија ја совлада Белорусија со 84:77 на Европското првенство(У 20), дивизија Б, во Софија.

По двата пораза од Летонија и Белгија, избраниците на селекторот Никола Василев вчера го совладаа Азербејџан, а денеска ја остварија втората победа.

Најефикасни во македонскиот тим беа Виктор Ефремовски и Ранко Мамузиќ со по 19 поени.

Македонија со оваа победа ја заврши групната фаза на третото место зад Летонија и Белгија, пред репрезентациите на Белорусија и на Азербејџан.