![lagard](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/07/lagard.jpg?resize=470%2C270&ssl=1)
Извршниот директор на Меѓународниот монетарен фонд ММФ Кристин Лагард ја повика Грција за повеќе реформи и иницијативи во врска со грчкиот државен долг, пишува весникот „Имерисија“.
Грчкиот долг треба да стане одржлив, нашиот став не е променет, изјави Лагард, која се наоѓа во Перу за учество на средбата на фондот и Светска банка.
Лагард се заложи за понатамошни реформи во пензиско-осигурителниот систем на Грција и во начинот на управување на грчките банки.
Според извршниот директор на ММФ грчкиот долг не е одржлив. Таа нагласи дека ММФ е подготвен да помогне на Грција, додавајќи дека неопходни услови за фондот да може да одобри било каква помош за земјата е програмата за фискална консолидација да биде врзана со усвојувањето и спроведувањето на голем број реформи и со одржливоста на грчкиот долг.
Се очекува за овие и други прашања во рамки на средбата во Лима Кристин Лагард да разговара со грчкиот министер за финансии Евклидис Цакалотос.