ММФ постигна договор со Украина за програма во износ од 1,6 милијарди долари

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ – IMF) објави дека во вторникот постигнал договор со Украина за четиригодишен финансиски пакет во износ од 15,6 милијарди американски долари.

Договорот, кој уште мора да го ратификува одборот на ММФ, е постигнат по повеќемесечните преговори на функционерите на Фондот и украинските власти.

Од ММФ соопштија дека договорот би требало да ѝ овозможи на Украина да добие големи повластени кредити од меѓународни донатори и партнери.

„Во претстојните квартали се очекува постепено економско закрепнување за да се опорави стопанската активност од тешките штети врз критичната инфраструктура, иако пречките и натаму постојат, вклучително и ризикот од натамошна ескалација на судирот“, изјави функционерот на ММФ, Гевин Греј објавувајќи го договорот.

Во ММФ очекуваат дека украинскиот реален бруто домашен производ (БДП) во 2023 година ќе се движи меѓу минус 3 и плус 1 отсто, додаде Греј.