ММФ: Закрепнува глобалната економија

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) порача дека глобалниот економски раст закајнува благодарение на тоа што земјите се одвојуваат од политиката на штедење.

Фондот ја зголеми прогнозата за овогодишниот светски економски раст на 3,7 отсто, по растот од три отсто во 2013-та година, предупредувајќи дека зајакнувањето на светската економија се’ уште е слабо и несинхронизирано.

ММФ ја зголеми прогнозата за прв пат по две години, бидејќи во претходниот период условите станаа полоши од очекуваното, па поради во неколку наврати прогнозите имаа надолен тренд.