Седум години по референдумот за Брегзит, повеќе од 50 отсто од Британците сметаат дека земјата направила грешка, покажува најновото истражување на јавното мислење, цитирано од ДПА.
Истражувањето е спроведено на почетокот на јуни врз репрезентативен примерок од 1.525 возрасни лица, од кои само 34 отсто и натаму сметаат дека Брегзит е вистинската одлука.
Резултатите, објавени од Институтот Тони Блер, исто така, покажуваат дека 18 отсто од оние кои гласале за напуштање на ЕУ сега сметаат дека одлуката била погрешна. Речиси 80 отсто сметаат дека Обединетото Кралство во иднина треба да има поблиски односи со ЕУ, при што 43 отсто сакаат Велика Британија повторно да се приклучи на ЕУ, а 13 отсто се за враќање само на единствениот пазар. Нешто повеќе од една петтина од луѓето поддржуваат поблиски односи со ЕУ, но не како членка или дел од единствениот пазар.
Авторите на истражувањето, Антон Списак и Христос Цулакис, исто така, предупредуваат дека „се чини дека ставовите на оние кои гласаа на референдумот во 2016 година не се драматично променети. Место тоа, клучен двигател на оваа промена се ставовите на оние испитаници на возраст од 18 до 24 години кои не гласале во 2016 година, но кои во голема мера веруваат дека одлуката за заминување била погрешна“.
-Поголемиот дел од промените се чини дека се должат на помладите луѓе кои влегоа во електоратот, место значителен дел од гласачите кои го сменија своето мислење, додаваат тие.
придвижи дебатата напред од повторното водење на старите битки за тоа дали Брегзит е исправен или не, до дискусија како би требало да изгледа подобрениот иден однос со ЕУ“, нагласи тој. „ЕУ секогаш ќе остане клучен стратешки сојузник“.