Мнозинството Грци не го прифаќаат договорот со Македонија

Мнозинството Грци го отфрлаат договорот за решение на долгогодишниот спор за името со соседна Македонија, објавува весникот „Етнос“, анкета спроведена викендов.

Според истражувањето, околу 58 отсто од испитаниците се противат на договорот потпишаниот минатиот месец, но интересно е тоа што ист толкав процент на испитаници одговориле дека и покрај се’ тој ќе биде ратификуван во грчкиот парламент.

Весникот пишува дека анкетата била спроведена на дури 9.800 испитаници, што е најголема бројка на испитаници опфатени во едно истражување за јавно мислење.

Исто така, околу 45 отсто се изјасниле дека оние Грци што го поддржуваат договорот се „предавници“, а 18 отсто го поддржале повикот на нео-нацистичкиот пратеник армијата да го уапси политичкото раководство на земјата поради потпишувањето на договорот со Македонија, со цел негово блокирање.