МНР: Казахстан до крајот на 2023 година ќе отвори Амбасада во Скопје

Казахстан до крајот на 2023 година ќе ја отвори најавената Амбасада во Скопје.

Ова беше потврдено на разговорите што Министерот за надворешни работи, Бујар Осмни ги имаше со претседателот на Казахстан, Касум-Јомарт Токајев и министерот за надворешни работи, Мурат Нуртлеу, во Астана.

Оваа одлука на казахстанската Влада покажува дека Казахстан ја смета Македонија како партнер од доверба во овој дел од Европа и е реализирање на конкретната заложба од декларацијата која министрите за надворешни работи на двете земји ја потпишаа минатата година.

Казахстан важи за двигател на економијата во Централна Азија и отварањето Амбасада во Скопје ќе придонесе кон продлабочување на пријателските односите меѓу двете земји, развој на економскта соработка и унапредување на договорната рамка. Воедно, ова би била прва резидентна амбасада од земја од Централна Азија во Северна Мaкедонија.