Заедничка рамка со четири точки со цел да се врати слободата на движење и безбедно патување во Европск Унија, договорија министрите за надворешни работи на Бугарија, Кипар, Шпанија, Хрватска, Германија, Грција, Италија, Малта, Португалија и на Словенија на нивната денешна средба преку видеоконференција.
Во заедничката декларација се наведува дека Европа треба да обезбеди слобода на безбедно патување во Унијата, ги поздравуваат упатствата од ЕК објавени минатата седмица, додавајчи дека се „важна основа за дискусија меѓу европските партнери со цел да се договорат критериумите и временските рокови за следните чекори“ и ги објаснуваат договорените принципи.
Шефовите на дипломатиите на десетте земји велат дека пристапот во фази, координирани и договорени меѓу земјите- членки е најдобриот начин за постепено нормализирање на прекуграничното патување, објаснуваат дека треба да враќањето на слободата на движење меѓу земјите може да се постигне постепено и истакнуваат дека треба да се изнајдат начини да се дозволи патување, а во исто време да се избегне ризикот од ширење на вирусот.
– Ќе биде клучно да обезбедиме дека нашите граѓани, не само што ќе можат да патуваат слободно низ Европа, туку исто така ќе можат безбедно да се вратат дома. Затоа, треба тесно да се координираме во однос на условите за укинување на правилата на ограничувањата и карантинот и во врска со обновата на услугите за транспорт. Во овој контекст, исто така ќе биде важно да работиме на заедничко разбирање за здравствените стандарди и процедури, пишуваат министрите во заедничката декларација, објавена од грчкото МНР.
Шефовите на дипломатиите ги повикуваат бизнисите и поединците кои работат во туризмот во следните седмици да преземат соодветни мерки на претпазливост за заштита на патниците откако ќе се врати слободата на движење и патувањето