Министерството за одбрана реагираше на прес-конференцијата во вторникот на Синдикатот на одбраната и безбедноста (СОБ), истакнувајќи дека било побарано од двата синдиката да достават списоци со пристапници на членови за да биде исплатена членарината, но оти од страна на СОБ не добиле ажуриран список.
„Од Синдикатот на одбраната и безбедноста, и покрај официјалниот допис, не добивме ажуриран список. Поради тоа средства за членарина воопшто не се одбиени од платите на вработените, односно тие имаат добиено полна плата. Единствено, наплатени се членарини за оние лица за кои Синдикатот на одбраната и безбедносните сили достави соодветен ажуриран список на членови, се истакнува во реакцијата“, се вели ви писмената изјава на Министерството за одбрана.
Министерството и министерот Јолевски, се додава во реакцијата, не делуваат еднострано, туку за сето ова има официјално заверени акти од Министерството кон СОБ.
Во реакцијата се посочува и дека министерството и поддржува синдикалните здружувања и се оградува од секое имплицирање дека постои какво и да е влијание врз нив.
„За Министерството е важен секој вработен во МО и АРМ и затоа очекуваме соодветните синдикати со најголема сериозност да функционираат и да работат за постојано унапредување на работните услови и правата на нашите вработени“, велат од Министерството за одбрана во писмената реакција.