Соопштение од ВМРО-ДПМНЕ:
Наумче Мојсовски треба веднаш да си поднесе оставка од позицијата директор на Агенцијата за млади и спорт после сериозните индиции за сторен криминал. Наместо да се крие зад соопштенија треба да ја напушти функцијата, бидејќи од таа позиција може да ја загрози истрагата за малверзациите со распределбата на ваучери за спортски клубови.
Се работи за сериозен скандал бидејќи распределбата на ваучери врти над една милијарда денари и постои основано сомнение дека без јасни критериуми биле фаворизирани одредени клубови.
Според Антикорупциска овие средства биле делени под влијание на одредени лица, па дури и политички партии и со тоа била направена штета на буџетот. Наумче Мојсовски треба на јавноста да и открие кои се тие лица и кои се тие партии кои вмешувале прсти во распредлбата на оваа милијарда.
Доколку Мојсовски решил да молчи, тогаш надлежните институции оваа истрага треба да ја прошират и да се види кој се стои зад оваа афера.
Очигледно е дека оваа власт е клептоманска. Крадат од парите за здравството, крадат од парите за образованието, а сега гледаме дека се злоупотребувале и пари во спортот. Што фатија исушија од крадење. Оваа мафијашка власт треба да замине час поскоро.