Исцрпениот маж чиј брод се насукал во корален гребен во Тихиот Океан, тврди дека испловил од Мексико во декември 2012. година, и лутал 16 месеци со сопатникот кој не преживеал.
“Не е во добра физичка состојба, но се опоравува”, изјавил Ола Фјелдштад, норвешки студент по антропологија кој води истражувања на гребенот.
Мажот пати од низок притисок, но изгледа дека не е во животна опасност. Тој може да се движи.
“Му дадовме многу вода, му се враќа силата”, додал Фјелдштад, кој додал дека бродот е во многу лоша состојба, делува како долго време да бил во вода.
Човекот, облечен само во валкана долна облека, тврди дека испловил од Мексико и тргнал кон Салвадор во 2012. година со колегата, кој починал пред неколку месеци.
Неговата приказна се’ уште не е целосна, бидејќи тој зборува само шпански јазик. Неговото име е Хозе Иван.
На бродот немало рибарски прибор, па Фјелдштад мисли дека својот плен го ловел со раце. Кога пристигнал на гребенот на бродот имало и желка.
Мажот бил однесен на главниот остров Ебон, дел од Маршаловите острови, и чека превоз до главниот град Мајуро.