Европската унија не треба да ги заборави останатите нелегални маршрути за бегалците, предупреди Федерика Могерини, висока претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност при пристигнувањето на дводневната средба на врвот на ЕУ.
– Денеска ќе имаме дебати за миграцијата. Работењето по решавање на миграциската криза не значи дека треба да работиме само со Турција. Има и други маршрути кои не треба да останат настрана – изјави таа.
Британскиот премиер Дејвид Камерон при пристигнувањeто рече дека Британија не е согласна со воведување безвизен режим во Турција во случај ЕУ да побара такво решение.
– Ние ќе ја почитуваме нашата имиграциска политика и нема да предложиме безвизен режим за Турците – изјави Камерон.
– Франција смета дека договорот меѓу ЕУ и Турција може да се постигне, но за тоа се неопходни дополнителни гаранции – изјави францускиот претседател Франсоа Оланд при пристигнувањето во Брисел.