Најголемиот виновник за очајната сезона која ја имаше најтрофејниот клуб во англиската Премиер лига, Манчестер Јунајтед, искусниот стручњак Дејвид Мојес е убеден дека помладите менаџери ќе изградат добра кариера ако својата тренерска авантура ја стартуваат надвор од својата татковина.
“За помладите менаџери од Остовот, подобро е својата тренерска авантура да ја стартуваат надвор од својата татковина. Само така ќе го стекнат потребното искуство. Така полесно ќе биде ценет постигнатиот труд, постигнатиот ефект и успех. Мислам дека така ќе функционираат идните менаџери во Англија. Прво да се докажат во странство, а потоа да се врата на Остовот”, изјави Мојес.