Искусниот македонски ракометен репрезентативец Наумче Мојсовски се враќа од Словенија со повреда. Тој се здобил со потрес на мозокот на контролниот меч меѓу Словенија и Македонија.
Во последната минута од натпреварот одигран во Цеље, а кој заврши без победник, Наумче Мојсовски при еден продор кон противничкиот гол заврши на подот ударќи со главата. По укажаната лекарска помош Мојсовски мораше да го напушти теренот, а ситуацијата не му се подобрила ниту неколку часа по натпреварот.
Не се чувствувам добро. Имам мал потрес на мозокот и чувствувам огромна главоболка. Се надевам дека состојбата наскоро ќе ми се подобри, изјави Мојсовски.
Овој натпревар поради здравствени проблеми го пропушти Гоце Георгиевски, но неговиот настап на ЕП 2016 не е доведен во прашање.
Каква пак е состојбата со Мојсовски останува да се види денеска, по враќето на репрезентацијата во Скопје, каде ќе остане со до заминувањето во Полска.