Олимписките игри во Токио, кои требаше да се одржат од 24-ти кули до 9-ти август годинава, одложени се за „најмногу една година, за летото 2021-ва“ поради пандемијата од коронавирусот, објави во вторникот Меѓународниот олимписки комитет (МОК).
Од првото одржување во новата ерад во 1896 година, ова е првот одложување на олимписките игри во период на мир. Претходно само двете светски војни во XX век предизвикаа одложување, а потоа и откажување на Игрите.
„Во моменталните околности и врз основа на на денеска добиените информации од Светската здравствена органзиација (СЗО), претседателот на МОК Томас Бах и јапомскиот премиер Шинзо Абе заклучија дека Олимписките игри во Токио треба да бидат префрлени за по 2020 година, и тоа најдоцна до летото 2021 годија за да се зачува здравјето на спортиститеи сите вклучени во Игрите, како и на целата меѓународна заедница“, се наведува во соопштението на МОК.
Кусо пред оваа објава во Токио е одржана телефонска конференција на која учестувале Бах и Абе и уште некои функционери вклучени во организацијата на Игрите, по што јапонскиот премиер објави дека неговиот предлог за одложување на Олимпијадата го прифатил челникот на МОК.
Ваквата одлука на МОК и претходно се чинеше неизбежна во ситауацијата во којашто се најде светот како никогаш претходно, соочен со пандемијата од коронавирусот.