Канцеларијата за Косово и Метохија побара од ЕУЛЕКС и КФОР да ги пронајдат лицата кои вчера вечер фрлија молотови коктели врз возила на Цивилната заштита во северниот дел на Косовска Митровица, и да бидат изведени пред суд, јави Танјуг.

Во синоќешното соопштение на Канцеларијата се истакнува дека „не поминува ниту ден, а да не се случи некој напад врз Србите и нивниот имот, и додава дека за вчерашниот напад врз возилата на Цивилната заштита во северна Косовска Митровица се одговорни две лица“.
Во северниот дел на Косово денеска се одржува повторување на локалните избори за градоначалник на Партеш.