Момче се повредило сечејќи дрва и потоа починало

Младо момче (24) од селото Казандол, Валандовски, починало откако прво се повредило сечејќи дрва со моторна пила, соопштува тамошната полиција.

Случајот вчера го пријавила гевгелиската болница.

Според МВР, лекар констатирал смрт, а по наредба на Јавен обвинител телото на момчето е дадено на обдукција.