Младо момче од Тетово претпладнево се удави во Охридското езеро во водите кај тк. Машка плажа, потврдија за Алсат од МВР.
Полицијата и нуркачки тимови сè уште не го нашле неговото тело и потрагата трае.
Неофицијално, настанот се случил малку после пладне, а засега не се знаат причините за трагедијата.
Момчето било на педалинка со женско лице. Од полицијата коментираат дека тоа во еден момент скокнало во водата за да плива, но повеќе не се појавило на површината. Настанот се случил на 400 метри од брегот. Во тој дел езерото е длабоко со темно дно, коментираат од спасувачките тимови. Во моментов неколку лица го пребаруваат дното.