Момче со здравствени проблеми од Скопје исчезнато

На 21.10.2021 во 19:00 часот во СВР Скопје, С.М.(52) од Скопје пријавила дека од домот се оддалечил нејзиниот син О.М.(25), кој имал здравствени проблеми.

Тој и претходно во неколку наврати се оддалечувал од домот и бил враќан назад.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.