Момченцето од насловната на албумот на Nirvana го тужи бендот за „детска порнографија“

Сега возрасниот маж кој како бебе се појави на насловната страница на култниот албум „Nevermind“ на америкаснкиот бенд Nirvana, поднесе тужба против групата во којашто наведува дека неговата гола фотографија претставува детска порнографгија, пишува магазинот Variety.

Станува збора за една од најпрепознатливите корици на музички албуми на сите времиња. На неа е прикажано голо бебе (Спенсер Елден) под вода во базен. На фотографијата е вметната и снимка на банкнота од еден долар закачена на рибарска јадица, по која плива детето.

Според магазинот, фотографијата најчесто се перцепира како критика на капитализмот. Исто така, се забележува дека голите несексуални слики на деца со закон не се сметаат за детска порнографија.

Меѓутота, адвокатот на Елден дава поинакво толкувње, тврдејќи дека вметнувањето на банкнотата на фотографијата го прави детето да изгледа „како сексуален работник“.

„Тужените намерно ја продавале (сликата на Елден) во комерцијални цели и ја искористиле шокантната природа на сликата за да се промовираат себеси и својата музика на неговаа сметка“, се наведува во тужбата во која увид имал магазинот.

Елден, кој во моментов има 30 години, поднел тужба во вторникот во судот на сојузната држава Калифорнија против низа тужени, вклучително и сѐ уште живите членови на бендот, Дејв Грол и Крис Новоселич, како и против старателот на оставнината на починатиот фронтмен на Nirvana, Курт Кобејн, неговата вдовица Кортни Лав. Од секој од наведените во тужбата се бара надомест од по 150.000 долари.

Како што изјавил Елден, нему никогаш не му платиле за фотографијат, освен оние 200 долари кои ги добиле неговите родители на денот на снимањето.