Возачот излезе од комбето и посегна по метална шипка.Тогаш го нападнавме, раскажуваат момчињата кои се соомничени дека го нападнале возачот на Брзата помош во Кисела Вода, дознава Press24 од доверливи полициски извори.
„Еден другар беше повреден. Поминуваше Брза Помош и ние се обидовме да ја запреме. Но таа не одмина. Еден другар замавна кон возилото. Во тој момент возачот застана. Излезе од комбито и посегна по метална шипка. Тогаш го нападнавме“, раскажува еден од малолетниците кои на новогодишната ноќ нападнаа возач на Брзата помош.
Според информации на порталот, покрај петмината малолетници во полициска станица ќе биде повикан и 52-годишниот возач.
Во баналната расправија тој заработи сериозни повреди поради кои мораше да замине на операција на скопска Трауматологија.