Во емисијата „Само Вистина“ на канал 5 ТВ новинарот Горан Момировски истакна дека не може да биде опозицијата виновна затоа што Артан Груби и Ковачевски потпишале катастрофален договор за коридорите 8 и 10 Д, доколку треба да се плаќаат пенали и според него целиот закон со „Бехтел и Енка“ е проблематичен заради поништување на уставна темелна одредба, каде што се прави дискриминација помеѓу едни луѓе и други луѓе, помеѓу едни фирми и други фирми.
„Не може да биде некој друг виновен ако Артан Груби направил договор кој што според мене чини 850 милиони евра а треба да плаќаме ние милијарда и 300 милиони евра, нека дојде некој нека ме демантира да седнеме да го гледаме договорот ставка по ставка околу цени, и набавки“, нагласи Момировски.
Новинарот Момировски истакна и дека според него целиот закон со „Бехтел и Енка“ е проблематичен заради поништување на уставна темелна одредба, каде што се прави дискриминација помеѓу едни луѓе и други луѓе, и помеѓу едни фирми и други фирми.
„Целиот закон со „Бехтел и Енка“ е проблематичен заради поништување на уставна темелна одредба, каде што се прави дискриминација помеѓу едни луѓе и други луѓе, помеѓу едни фирми и други фирми, за Бехтел и Енка ќе важат законите вака а за македонските фирми „Бетон“, „ Гранит“ и тн ќе важат поинаку, тоа е невозможно според македонскиот устав. Артан Груби и Ковачевски знаат во договорот какви катастрофални решенија има“, истакна Момировски.