Процесот на екстерно тестирање на учениците од завршните години во средното образование почна денеска и се одвива непречено.
Како што информираат од Министерството за образование и наука и Државниот испитен центар во дел од училиштата процесот на тестирање е и целосно завршен, соопштија денеска.
Започнат е процесот на екстерната проверка на постигањата на знаењата на учениците од завршните години во средното образование, кој ќе трае заклучно со 29 јануари. Според информациите од кол центрите, ангажираните тестатори и набљудувачи, во овој момент процесот се одвива непречено, а во дел од училиштата е и целосно завршен, се вели во соопштението.
Во него се додава дека во оваа фаза процесот на екстерна проверка на постигањата на знаењата на учениците ќе опфати вкупно 19.931 ученици од завршните години во средното образование кои ќе бидат тестирани по 1.662 предмети за кои беа генерирани и јавно достапни 85.000 прашања