![ucebnici](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/11/ucebnici.jpg?resize=696%2C522&ssl=1)
Министерството за образование и наука информира дека учебниците за шесто одделение кои се веќе одобрени од Националната комисија за учебници и имаат добиено ЦИП запис, веќе се печатат и испорачуваат до училиштата. Задолжените за испорака се максимално одговорни и ангажирани, во договорот со училишните раководства ќе испорачуваат учебници и во текот на овој викенд.
Министерството за образование и наука потсетува дека согласно планот за реформирање на основното образование, во новата учебна година нови наставни програми се изработени за трето и шесто одделение и врз основа на истите, учениците добиваат и нови учебници. Учебниците за трето одделение се целосно испорачани минатиот месец.
Од МОН велат дека состојбата со учебниците годинава е значително подобрена, МОН испорача тираж од речиси 1,4 милиони учебници во основните, но исто така и во средните училишта, за кои, за прв пат по 15 години се изработија нови 150тина наслови на учебници.