Монасите од Света Гора против договорот меѓу Скопје и Атина

Грчките монаси од Света Гора се против договорот на Атина и Скопје за новото име на Македонија, сметајќи дека тоа што Грција го признала македонскиот јазик и македонската нација е „неразбирање на историјата, вистината и отсуството на националната свест за хеленизмот“ и ја повика грчката Влада да ја поправи својата грешка .

Во соопштението по повод договорот за долготрајниот спор меѓу Македонија и Грција, Светата заедница Света Гора, порачуваат дека за нив е неприфатлива спогодбата.

Како монаси од Света Гора, пренесители и чувари на илјадагодишната историја, духовната и културна традиција и наследство, не можеме да прифатиме откажување од македонскиот идентитет и јазик во корист на народ кој нема никаква врска со античкиот Грчки македонскиот дијалект и грчката припадност на античките Македонци, порачува Светата Заедница на Света Гора.

Грчките монаси велат дека не е можно грчката држава да донесе обврзувачки меѓународен договор што не го прифаќа огромното мнозинство граѓани ја повика грчката влада и парламент „да ја преиспитаат волјата на грчкиот народ и историската вистина“.

 Како христијани треба да се стремиме да се „обедини целото православие, да се решат поделбите и на тој начин да се избегне нагонот кон верска и етничка нетрпеливост и омраза“, и дека секако е пожелно и потребно да се реши спорот со името, пишува во изјавата потпишана од монасите од 20 манастири на Света Гора.

Како пример наведуваат дека верници од Македонија со години ја посетуваат Света Гора барајќи духовен мир.

Сепак, тие додаваат дека овој проблем не може да се реши на брз, нетранспарентен начин и по кратка постапка од позиции кои се во спротивност со, како што велат, „научната вистина, историската стварност и историско паметење на начин кој ја промовира националната свест на грчкиот народ”.

Нека Пресвета Богородица, заштитникот на Света Гора, им предочи на властите да ја исправат својата грешка и да постигнат договор, кој ќе биде вистинит и ќе послужи како основа за единство, мир и опстанок на двата народи од иста вера, во рамките на нашата православна црква, се вели во соопштението на грчката монаси од Света Гора.