Моника Белучи ја откри тајната на својот беспрекорен изглед

Моника Белучи и на самиот праг од седмото десетлетие од својот живот има совршена фигура, па ја открива тајната на својот изглед што, според многумина, сѐ уште е на незавидно ниво.

Италијанската глумица, имено, истакна дека не практикува вежбање, освен пливање и јога коишто едвај се вклопуваат во нејзиното напорно секојдневие, но јаде умерено. Таа, на пр., плива четири пати неделно по 45 минути и е убедена дека тоа е најдобриот начин да се одржи во форма.

-Јас сум како ајкула – постојано движење, па морам некако да преживеам. Понекогаш, сепак, за свое добро жената мора да најде начин да се одмори и да биде мрзелива. Мислам дека тенкото тело не е еднакво на убавината. Јас сум жена и имам облини. Мрзелива сум, никогаш не одам во вежбалници… Сакам чоколадо и тестенини и честопати одам во ресторани со моите пријатели. Не сум опседната со слабото тело. Сексапилноста не е секогаш младо и затегнато тело, вели Белучи.

Таа, вели, се труди да не се лишува од храна, туку ги ограничува порциите. Следи пример од нејзиното мени. Појадок: 150 мл. јогурт со парчиња јаболко; Ручек: 200 грама варено говедско месо, 200 гр. зелена салата со една кафена лажичка маслиново масло, една кришка пченкарен леб; вечера: Мала чинија бобинки, 150 гр. варен ориз со една лажица маслиново масло и 50 гр. преработено сирење, 150 гр. салата од зеленчук или овошје.