Моника Белучи позираше во проѕирна маица без градник (ФОТО)

Позирајќи за германскиот магазин „Мадам“, Моника Белучи ги покажа своите природни гради позирајќи во проѕирна маица со светки.

Моника Белучи го привлече вниманието со своите разголени фотографии кои се појавија на насловната страница на германскиот магазин. Во нив актерката е облечена само во проѕирна маица со светки и црни панталони. Под маицата не носи градник, а до израз дојдоа нејзините бујни и природни гради.

 

Моника е една од ретките актерки која се труди да старее што поприродно. Иако има пристап до најдобрите третмани за нега на лице и тело, таа не претерува и не е опседната со подмладување, а тоа и го потврди.

„Не сум опседната. Отсекогаш сум била жена со облини, никогаш премногу слаба, таква сум. И сакам мирно да остарам. Кога имате 50 или 60 години, ги немате истите потреби како кога сте имале 20. Се менувате. Кога ќе дојде бебе во вашиот живот, првото нешто што го гледате е тоа. Ние доаѓаме на второ место. Тоа ни дава поинаква перспектива“, рече таа.