Моника Белучи наградена на Филмскиот фестивал во Сан Себастијан

Италијанската актерка Моника Белучи ја доби наградата Доностира за придонес во кинематографијата во рамките на 65-то издание на Меѓународниот филмски фестивал во шпански Сан Себастијан.

Актерката на социјалните мрежи напиша дека е извонредно почестена со наградата која ѝ ја врачи претходно оваа седмица Џон Малкович.

Станува збор за престижна награда која пред Белучи ја добија големите актерски ѕвезди како Мерил Стрип, Софија Лорен, Жан Моро, Ал Пачино, Џон Траволта и ногу други. Првиот добитник на почесната награда „Доностиа“ доделена во 1986 година беше легендарниот американски актер Грегори Пек.

Убавата италијанска актерка на сцената се појави во фустан на модниот бенд „Valentino“ во боја на праска.

„Почестена сум“, изјави Белучи на прес-конференцијата, додавајќи дека „мора уште многу да стори“. Додаде и дека сѐ уште со иста страст им приоѓа на новите улоги.

„Често во текот на кариерата ме прашуваа во колкава мерка мојот изглед е важен за професијата со којашто се занимавам, а јас секогаш им одговорам исто: кога некој е убав може да го привлече вниманието…, но доколку тука нема уште нешто, останува на тоа. Наполнив 53 години и уште добивам улоги.., но се надевам дека тоа не е поради мојот изглед“, објасни актерката.